Александар си го убил братчето само затоа што загубил во видеоигра: Трагедија во Русија

Страшен настан го вознемири краснојарскиот крај во Русија. Тринаесетгодишник си го заклал братчето само затоа што загубил во видеоигра, пренесува „Еспресо“. Александар (13) и’ признал на полицијата дека до смрт со 15 убоди го избодел со нож својот седумгодишен брат во нападот на бес затоа што загубил во видеоигра на мобилниот телефон. Седумгодишното дете починало веднаш.

Александар, како што им раскажал на полициските инспектори, прво ја растурил целата куќа поради поразот во играта, а тогаш го пронашол братот и го убил од страв да ни и’ каже на мајка им за тоа што се случило…

Преземено од mms.mk

Треба да знаете
Последни објави