Д-р Марковски: Нема да има втор пик на Ковид-19

Д-р Вело Марковски во  емисијата „Само Вистина“, на Канал 5 Телевизија изјави дека пикот што го планирала Комисијата за заразни болести не е достигнат, односно дека и тој бил со ниски параметри од 2000 заразени.

„Засега одлично се справуваме, добро поминуваме, меѓутоа треба да видиме како ќе излеземе. Сметам дека ние одевме со построги мерки отколку што беше препорачано од СЗО, дури и од земјите кои беа повеќе погодени. Сега сме можеби свесни дека премногу стегнавме, но сепак ја растегнавме кривата“, смета Маркоски.

Марковски  не се сложува со изјавите на Комисијата за заразни болести дека ќе има втор пик на болеста.

„Ако одиме кон тоа дека ќе имаме втор пик, тогаш овие мерки се бессмислени“, изјави докторот.

Според него, пандемијата од грип е сосема друга работа и не треба да се споредува со коронавирусот.

„Коронавирусите нема да одат во три бранови и КОВИД-19 треба да се спореди со моделот на Сарс. Сарсот се повлече после три месеци, со смртност од 10-11 проценти. Лично сметам дека следната зима ќе имаме коронавирус, но чисто се сомневам дека ќе биде вирулентен како сега. Ќе биде на ниво на сезонските алфа-коронавируси, кои најчесто се карактеризираат со настинка“, вели Маркоски.

Треба да знаете
Последни објави