Американската актерка Камерон Дијаз (47) се повлече од светот на глумата пред шест години, а во една пригода рече дека ако се врати, тоа би било според нејзини правила.
Таа во последното интервју за странски медиуми призна дека премногу и недостасува глумата. Иако одлучи да се повлече, таа не остави впечаток дека завршила со актерската кариера.
„Никогаш нема да кажам никогаш. Тоа не го кажувам за ништо“, рече Камерон во неодамнешното интервју, пишува „Дејли мејл“.
„Не ми недостасува глумата. Мислам дека е во ред да го реорганизирам мојот живот сега и да изберам да сакам да се вратам во светот на глумата, ако изберам“, додаде таа.
Кога реши да се повлече од светот на глумата, таа рече дека веќе не знае која е.
„Сфатив дека веќе не знам која сум, а тоа е толку ужасно чувство. Решив да се запознаам повторно и да дојдам на себе“, рече Камерон пред неколку години.
„Продуцентите постојано и праќаат различни понуди и сценарија, но таа воопшто не е заинтересирана. Таа е среќна на овој начин и ужива во слободното време“, откри пријател на актерката.