Министерството за здравство во изминативе четири недели ја реализираше он лајн тренинг програма COVID 19 Response Training наменета за сите здравствени работници од јавните здравствени установи во земјава. За само три недели близу 2.300 здравствени работници, медицински сестри и лекари, беа дел од интерактивните тренинзи кои се одвиваа онајн.
Тренингот е развиен од страна на Project HOPE заедно со Brown University од САД, и е базиран на препораките на СЗО за справување со ширењето на болеста и заштитата на здравствените работници. Истиот се спроведува во многу земји во светот погодени од кризата со КОВИД 19 вирусот.
„Со оглед на фактот дека голем дел од здравствени работници во светот, за жал се заболени со КОВИД-19, идејата на тренингот беше период од три недели да опфати значителен број на здравствни работници од сите сегменти на здравствениот систем, се со цел да се усвојат единствени заштити мерки за медицинскиот персонал и истовремено да се пружи адекватна нега во делот на превенција и ширење на инфекцијата и контрола на ситуацијата. Целта на едукацијата беше да се се утврдат протоколи за стабилизација на болните и првична ресуситација, дијагноза и менаџмент на ситуацијата, скрининг и тријажа, како и утврдување на капацитетите на здравствениот систем и негов развој“, велат од Министерството за здравство.
Првично беше избрана група од 40 медицински лица, 20 леакари и 20 медицински сестри кои ја поминаа четиридневната онлајн обука со обучувачи од Brown University од САД . Истите тие потоа направија обука на близу 2.300 здравствени работници од сите здраветвени установи во земјава.
Во правата фаза он лајн тренингот започна со клиниките од Клиничкиот блок Мајка Тереза каде близу 650 здравствени работници ги слушнаа предавањата и развија активна дискусија околу превенцијата и ширењето на инфекцијата со КОВИД 19. Во втората фаза беа опфатени Болницата 8 Септември, Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле, Специјалната болница Чаир, Психијатриските болници, Геријатриските центри, трите Клинички болници Тетово, Битоа и Штип како и сите Општи оболници во сите градови во земјава, потоа Здравствените домови, Институтите за јавно здравје и Специјалните болнци. Преку катедарата за Семејна медицна беа организирани обуки на сите избрани лекари од примарното здравство, а преку студентската организација ЕМСА беа организрани предавања и за студентите по медицина. Тренингот заврши со дополнителна обука во на Клниките во Клиничкиот комплекс Мајка Тереза кои се најпогодени од новонастаната ситуација. Во овој комплекс 760 вработени го поминаат тренингот.
„Во услови кога медицинскиот персонал се соочи со досега непознат вирус кој зема замав за релативно кратко време, организираирањето на онлајн тенинг програма за заштита за што поголем број медицински персонал беше вистински предизвик. Бројката од 2.300 учесници кои понатаму протоколите ги пренесоа во своите работни организации е од големо значење за намалување на трансмисијата на вирусот помеѓу здравствените работници“, нагласуваат од министерството.