Вечерва во емисијата „Јади Бурек“ гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој што посочи дека ВМРО-ДПМНЕ уште од самиот старт побара скрининг на населението за Ковид 19, да се види каде се жариштата. И во тие жаришта да се прогласи кризна состојба, а остатокот од државата да функционира нормално
Овој предлог не бил прифатен од Владата поради тоа што како што вели Николоски на криминалната банда повеќе и одговора да вонредна состојба во која криминалот слободно може да царува. Тој дури посочи на трите опожарени објекти во струмичката касарна каде згради градат токму Заеви.
„Знаете што им е целта, еве ќе бидам директен. Луѓето се во огромен страв и паника. Прва вест сами кажавте секогаш е, мерките, препораките итн. А тоа на нив им одоговара затоа што никој не зборува дали јанвиот превоз во Скопје е добар, дали има дупки по улиците, дали ѓубрето се чисти или не. Дали некој бандит до Прилеп близок до власта прави криминал? А, прави. Дали некој бандит во Битола во РЕК Битола прави криминал? А, прави. Дали фирмите на Заеви во Струмива прават криминал. А, прават. Еве една провокација, случајно одат во пожар објекти во струмичката касарна или одат намерно, затоа што таму Заеви градат згради. Тоа не е тема во Македонија, Ковид е прва тема. Три објекти изгореа во изминативе месец дена во струмичката касарна, случај нема. Во струмичката касарна згради градат семејството Заеви тоа го знаат сите во Струмица“, вели Николоски.