Залудни се обидите и лагите на ВМРО-ДПМНЕ и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, да ја убедат јавноста дека видео снимката е стара и дека нивниот шеф Мицкоски не ги почитува мерките за спречување на ширење на коронавирусот.
Иако датумот кога е направена видео снимката се уште не е утврден од страна на полицијата, Чулев ја затвори истрагата и побрза случајот да го објави во јавноста.
Утврдување на датумот на видео снимката е клучно за да се утврди дали Мицкоски, во придружба на командантот на единицата „Тигри и уште еден полициски работник, посетувал теретана во време кога на сила се забраните против коронавирусот.
Но и оваа груба лага не го покрива неодговорното и арогантно однесување на Мицкоски.
Граѓаните не забораваат дека и претходно, исто во период на забрана за работа на теретаните, во медиумите се појави фотографија како Мицкоски со спортска торба излегува од фитнес центар, а потоа призна дека бил во посета, но само да ја земе торбата која му останала таму. И овој случај е завршена приказна за Чулев без да ја извести јавноста што навистина барал Мицкоски таму.
Последниот случај со видео снимката на Мицкоски и на командантот на „Тигрите”, Бисовски е класичен пример како министерот пред време се става во заштита на Мицкоски.
Злоупотребата на Чулев и Мицкоски на клучна институција за лични и партиски интереси е класична одлика на однесување на ВМРО-ДПМНЕ и е неприфатливо.
Скандалозно е во ситуација во која полицијата нема утврдено од кога потекнува снимката, министерот да носи заклучоци кои се штетни за правната држава и за владеење на правото.
СДСМ, граѓаните, јавноста, нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ повторно да го претвори МВР во МВРО-ВМРО.