На 28.04.2020 во 21.20 часот во село Подареш, радовишко, полициски службеници го лишиле од слобода Б.И.(27) од селото.
Тој бил уапсен по претходна пријава дека во 20.50 часот извршил кривично дело „семејно насилство“, по што физички ги нападнал полициските службеници ои дошле ма местото на настанот.
Б.И. бил префрлен во Психијатриска болница Негорци – Гевгелија. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Радовиш.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.