Рамос: Горам од желба да ја завршам сезоната со титула

Капитенот на шпанскиот торфеен фудбалски тим Реал Мадрид, Серхио Рамос има голема желба со трофеј да ја заврши тековната сезона, прекината поради пандемијата на коронавирус.

– Не можете да го ризикувате здравјето на луѓето. Со нетрпение ја очекувам можноста да започнам да играм повторно, да се натпреварувам, да влегувам на теренот во натпреварите од Лигата на шампионите и Ла Лига. Јас едвај чекам да ја завршам сезоната со трофеј, но прво треба да почекаме за соодветните одлуки од одговорните луѓе, изјави Рамос.

Реал Мадрид е втор во Ла Лига по 27 кола, со два бода заостанување зад Барселона.

Во Лигата на шампионите, мадридскиот тим загуби од Манчестер сити на својот терен во првиот натпревар од 1/8 финалето (1:2). Рамос доби црвен картон на овој меч и ќе го пропушти реваншот.

Треба да знаете
Последни објави