Одговор на новинарско прашање, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ
Во врска со статусот и изјавите на градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски кој потенцира дека сме во еден сличен режим како претходниот, дали тоа се однесува на вашата партија СДСМ и како ја коментирате изјавата?
СДСМ се оградува од ваквите изјави на Максим Димитриевски и од неговото однесување во последните денови. Владата предводена од СДСМ останува целосно посветена на здравствената состојба и во Куманово и секако на територијата на Република Северна Македонија. Изјавите за тоа дали наликувало на режим или слично со сигурност нема да ги спречат институциите да постапуваат и дејствуваат согласно законите за што и самиот Максим Димитриевски е свесен дека во нашата држава законите важат еднакво за сите.
Овде би сакал да потенцирам дека од прес-конференцијата којашто се одржуваше во Куманово има и други членови на Владата на Република Северна Македонија коишто се ставени во изолација, мислам дека нивната изолација завршува денес, но што е пораката од сето тоа дека мерките, препораките, уредбите донесени од страна на Владата важат и ќе важат за сите подеднакво без разлика кој на која и на каква позиција се наоѓа во општеството.