За членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славевски најновата владина мерка за исплата на минимална плата од 14.500 денари, која е надоградена и пофлексибилна, односно ќе опфати повеќе дејности погодени од корона кризата е поразителна затоа што зборува дека Владата не обезбедила средства за платите за помош на претпријатијата.
–Колку што се сеќавам и колку што следам ова е трето менување на условите за поддршка на претпријатијата за минимална плата во износот на платите погодени од кризата. Како што кажав претходно, на денешниот прес г-ѓа Нина Ангеловска кажа дека средствата се обезбедени или ќе се обезбедат од Светска банка, како што беше кажано на пресот од средства кои што беа наменети за изградба на локални патишта низ Република Македонија. Имено ова е поразително затоа што зборува дека Владата не обезбедила средства за платите за помош на претпријатијата и сега наместо да се градат проектите да се ангажира градежната оператива за тие локални патишта за кои биле обезбедени средства од Светска банка, средствата се наменуваат за тековни расходи. Тоа е првата негативност. Второ, како што кажав самиот факт што по трет пат се менуваат условите. Кога ние веќе требаше да имаме на два пати досега алоцирани средства да ги добијат фирмите, наместо да им кажуваме ова се новите услови коишто пак се комплицирани, пак ги збунуваат тие што се заинтересирани. Наместо да дополнуваме средства за поддршка на претпријатијата ние се занимаваме со условите и кажуваме дека средствата ќе почнат да се распределуваат после аплицирањето таму некаде во месец мај, не знаеме ни кога. Повторувам во услови кога земји и од соседството и од Европа и од светот веќе на големо ги поддржуваат претпријатијата кои што беа зафатени со кризата.