Премиерот Оливер Спасовски преку својот фејсбук профил повика граѓаните да ја преземат апликацијата „Стоп Корона” која евидентира дали биле во непосредна близина со заболен од Ковид-19.
-Преземи ја апликацијата од https://stop.koronavirus.gov.mk/ и активирај Bluetooth. Кога вашиот телефон ќе се најде во непосредна близина со телефонот на лице заболено од КОВИД-19 кое исто така ја активирало апликацијата, оваа информација со ваша дозвола се евидентира во здравствениот систем, пишува Спасовски на фејсбук.
Како што наведува премиерот, „Стоп Корона” е мобилна апликација на Министерството за здравство, која откако граѓаните ќе ја симнат во својот мобилен, евидентира дали биле во непосредна близина на лице заболено од КОВИД-19 во изминатите 14 дена.
-Заштити се себе и твоите најблиски. Помогни – заедно да го стопираме ширењето на коронавирусот. Од нас зависи!, пишува на својот фејсбук профил премиерот Оливер Спасовски.