Сугаревски: Забавени се активностите на пругата Куманово-Бељаковце

Владата, Министерството за здравство, Главниот кризен штаб максимално се труди и се трудеше во овој период да одговори на сите предизвици кои ги наметна ова зло, мислам дека се справува не само во здравствениот дел туку и во делот на економската криза, вели министерот за транспорт и врски Горан Сугарески за „Отворено студио“ на ТВ 24.

Во однос на тоа дали има застој во неговиот сектор поради кризата, тој вели дека има еден или два проекти во кои има одредена забавена динамика на активностите.

– Сите други проекти кои се во Транспорт и ЈП Државни патишта апсолутно течат, динамиката и прогресот на активности извонредно тече и според начинот навремените ситуации кои што ги добиваме, некаде и завршни ситуации, апсолутно се исплаќаат тие ситуации навремено реализацијата на средствата оди до оние кои што го работат тоа, така што во моменто не гледам некаков проблем, вели тој.

За тоа дали застојот е кај стратешки позиции, тој вели дека се работи за пругата Куманово – Бељаковце, за која очекува во мај да се нормализира во целост, и на еден проект за канализација во кумановско.

Треба да знаете
Последни објави