АА: Да се помогнат студентите со 100 евра месечно и да се откаже исплатата за следниот семестар

Интегрален текст од прес конференција на потпретседателката на Алијансата за Албанците, Бујаре Абази.

„Дозволете ми, во мое име и во име на Младинскиот форум на Алијансата за Албанците, на сите припадници на исламската вероисповед да им го честитам светиот месец Рамазан посакувајќи им лесен пост.

Пандемијата предизвикана од вирусот COVID 19 покрај изолацијата во ова време, не доведе повеќето од нас до економска криза. Оваа криза нè погоди сите, некои помалку и некои повеќе, па затоа е неопходно мерките за ублажување на кризата да ги вклучат сите засегнати сразмерно со нивната отежната состојба.

Денес сме тука да го свртиме вниманието на владата и релевантните институции токму кон еден слој на општеството кое очигледно е целосно запоставено, додека пандемијата COVID 19 ја отежнува нивната состојба. Станува збор за 53.637 студенти од факултети и стручни средни училишта, семејствата на кои во голем број се погодени од економската криза.

Значителен број на студентите кои студираат во Тетово и во Скопје изнајмиле станови од почетокот на годинава и продолжуваат да ги плаќаат истите и покрај тоа што не престојуваат во нив. Во оваа отежната финансиска состојба, плаќањето кирија претставува голем товар за семејствата кои веќе се финансиски оптоварени. Со оглед дека во наредните недели студентите ќе започнат со испити, затоа и пријавувањето на истите  ќе треба да го платат значи дека ова е уште еден дополнителен товар во ова време на криза. Не смееме да заборавиме дека повеќето од овие студенти се невработени, затоа ја повикуваме владата итно да преземе конкретни мерки за да им излезе во пресрет.

Во овој поглед, предлагаме владата да ги субвенционира младите на возраст над 18 години со 100 евра за еден месец, со цел да ја олеснат нивната состојба. Сметаме дека оваа сума е прифатлива за студентите, а од друга страна е прифатлива и за владата.

Исто така, предлагаме учеството за следниот семестар да биде преполовено или целосно елиминирано како и исплатата за практикантска работа на некои факултети.

Веруваме дека државата има обврска да се грижи за студентите во секое време, а особено нејзината обврска се зголемува кога сме погодени од криза како таа во која сега се наоѓаме.

Треба да знаете
Последни објави