Ангеловска: 631 бескаматни кредити се одобрени со Ковид 1 линијата на Развојната банка

Вкупно 631 бескаматни кредити се одобрени од Ковид 1 линијата од Развојната банка, во износ од 4,7 милиони евра, соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска.

Во овие фирми, како што посочува таа на својот Фејсбук профил, работат 5.588 вработени.

По структура од вкупно одобрените кредити: 76 отсто се за микро претпријатија со до 10 вработени,
22 отсто се за мали фирми со до 50 вработени и 1 отсто се за средни компании со до 250 вработени

Од вкупно одобрените 4,7 милиони евра 2,1 милиони евра се за компании од транспортна дејност, 2,4 милиони евра за угостителство и 200.000 евра за туризам.

Од денеска микро, малите и средни претпријатија од сите дејности ќе можат да аплицираат за новата линија бескаматни кредити Ковид 2 во висина од осум милиони евра, соопшти Ангеловска.

Повеќе информации за оваа линија на bit.ly/8-milioni-beskamatni-kre

Треба да знаете
Последни објави