Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека од почетокот на пандемијата на Ковид-19 се дејствувало „брзо и одлучно”.
Тој ова го изјави како одговор на критиките на одделни земји на сметка на организацијата, пред се од САД, истакнувајќи дека одговорот на СЗО на пандемијата уште од почетокот бил брз.
– Многу рано ги алармиравме сите и тоа го правевме често, рече Тедрос Аданом Гребрејесус на видео конференција.
Во текот на изминатите неколку месеци, СЗО обучи 2,3 милиони здравствени работници, изврши милиони тестови, па дури внесе и „музика и светлина во мрачните часови” благодарение на телекастот на Лејди Гага.
– Единствено што не направивме е што не се откажавме, рече тој.