Првиот владин комуникациски канал на „Вибер” (Viber Community) може да се најде под името „Коронавирус МК Koronavirus”, исто како и останатите комуникациски алатки кои Владата интервентно ги отвори со цел интензивирање на комуникацијата со граѓаните за полесно справување со коронавирусот. Во тој пакет е и официјалната веб-страна koronavirus.gov.mk, мобилната апликација за „Андроид” и „IOS”, како и наменските профили на социјалните медиуми „Фејсбук”, „Инстаграм” и „Твитер”.
Целта на новиот канал за комуникација на „Вибер” е брзо, целосно и точно информирање на граѓаните за сите мерки за справување со коронавирусот од институциите, најнови информации од Министерството за здравство, како и помош на сите граѓани на кои им е потребна точна информација поврзана со ситуацијата.
„Вибер” e една од најкористените апликации за разменување на пораки во нашата земја, со над 1 милијарда корисници во светот.
Ги повикуваме сите граѓани да се приклучат на „Коронавирус МК Koronavirus” „Вибер” заедницата, за добивање точни, официјални и брзи информации поврзани со КОВИД-19 на својот мобилен телефон.
Линк за вклучување: https://vb.me/mk_gov