Во Грција мерките против ширењето на коронавирусот ќе бидат постепено отстранувани, меѓутоа животот и однесувањето на грчките плажи нема да биде истиот. Тој радикално ќе се разликува од оној на кој беа навикнати мештаните и туристите пред пандемијата со коронавирусот да стапи на сцена.
Научниците тврдат дека вирусот низ водата не може да се пренесува, но порталот на Министерството за здавство во земјата и инфектологот Сотирис Циодрас тврди дека пливањето во пределите каде нема да има многу луѓе ќе представува мал ризик, пренесува Грик рипортер. Според порталот значајно ќе биде она што ќе се прави кога луѓето нема да бидат во вода и тоа за грчките власти представува најголема опасност од инфекции со коронавирусот, поради што сметаат дека треба да бидат воведени посебни мерки на однесување по плажите. Меѓу тие мерки кои се на разгледување пред властите се поединечно влегување на организираните плажи за да се избегнат мешаниците, чистење на лежалките со посебено дезинфекциско средство по заминувањето на капачите кои ги користеле, одржување на пропишаната дистанца меѓу лежалките и чадорите за сонце, резервација за лежалки…
Грчките власти најавија дека ќе примаат летово гости само од одредени земји, а плажите ќе останат празни до почетокот на јуни, а може и подоцна.