Медицинскиот тим на италјанскиот фудбалски шампион Јувентус не може да поверува што се случува со младиот 26-годишен аргентиски напаѓач во нивните редови Пауло Дибала. Аргентинецот по четврти пат за шест недели има позитивен тест за коронавирусот !
Дибала за прв пат беше позитивен на 21 март откако тој и неговата девојка Ориана Сабатини беа тестирани во првиот налет на пандемијата со корнависрусот во Италија.
Најновиот позитивен тест на Дибала значи дека тој ќе мора да остане одново во изолација, а можно е да биде сместен и во болница поради развојот на состојбата.
Јувентус планира да продолжи со тренинзи од 4 мај, но Дибала нема да биде дел од овие воведни подготовки пред очекуваното продолжение на сезоната во Серија А.