Приведено 21 лице за време на полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР за периодот (28/29.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата држава  28 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се  21 лица, а за останатите се земени податоци  и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци  за изминатото деноноќие на  65 лица им се издадени решенија за изолација, а 18 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација

Треба да знаете
Последни објави