Синерџи фитнес Центар: Објавени се стари снимки кои беа злоуптребени во политички цели

По неовластен пристап и снимање на нашите безбедносни камери, објавени се стари снимки кои беа злоуптребени во политички цели, велат од Синерџи фитнес Центар по обвинувањата од СДСМ дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бил во теретаната и во придружба на командантот на „тигрите“.

„Како што веќе знаете, согласно одлуката на Владата, Синерџи фитнес Центар не работи од 13.03.2020 година. Сите наши клиенти имаат еднаков третман без разлика на политичка, верска, расна или социјална положба. Со таа цел во прилог Ви го доставуваме реалниот видео запис од нашите безбедносни камери со точен датум (сабота, 25.04.2020) и време кога наводно сме имале надворешни посетители. Воедно, ги повикуваме сите граѓани и институции кои по било кој основ имаат добиено бесправно стекнати снимки од нашите безбедносни камери да се обратат на било кој начин до МВР или до нас, како поскоро би дошле до вистинските сторители на кривично дело во овој случај, велат од Синерџи фитнес Центар.

СДСМ го обвинува техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев дека се става над истрагата за да го заштити партискиот шеф – лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Од СДСМ велат дека сѐ уште не е утврден датумот кога е направена снимката од фитнес-центарот во кој бил Мицкоски, за разлика од Чулев, кој вчера објави на Фејсбук дека тоа се случило во октомври минатата година, а не за време на епидемијата со ковид-19.

Дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска, од друга страна, исто така, реагираше дека не е утврден се уште датумот кога е направена снимката од Мицкоски во фитнес-центар.

Треба да знаете
Последни објави