Словенија ги отвори книжарниците, галериите, музеите…

Во Словенија поради поволната епидемиолошка ситуација со коронавирусот од денеска се отвораат галериите, музеите, библиотеките, книжарниците, а в понеделник ќе можат да примаат гости кафеаните и локалите кои имаат отворен простор со тераси и паркови.  Се најавуваат и нови попуштања на рестрективните мерки кои беа воведени во борбата со пандемијата од коронавирусот, но не и одредбата со кој на граѓаните им се забранува напуштање на метото на живеење.

Ќе можата да здивнат и лицата постари од 65 години кои можеа да излезат да пазарат само во периодот од 8 до 10 часот, сега тоа задоволство ќе можата да го прават во текот на целото работно време на продавниците. В понеделник ќе ги отворат своите врати за потрошувачите шивачките дуќани, чевларите, работилниците за изработка на клучеви, фотографите, фотокопирниците, златарите, крзнарите и производителите на кожна галантерија …

Се отвораат козметичките салони, услугите за маникир и хигиенска нега, салоните за масажа, но остануваат затворени велнес центрите, салоните за тетовирање и слични на нив бидејќи нивната дејност во време на епидемија и натмау се смета како ризична за ширење на коронавирусот.

Како што пренесуваат словенечките медиуми министерката за образование, наука и спорт Симона Кустец највила дека училиштата и градинките може да бидат отворени на 11 мај, но ова прашање и понатму е отворено кај епидемиолозите кои имаат поделни мислења.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави