Шварценегер ќе стане дедо, ќерка му очекува дете со познат актер

Кетрин Шварценегер, ќерка на славниот Арнолд Шварценегер, и нејзиниот сопруг, актерот Крис Прат, го очекуваат своето прво дете, пренесува „Пипл“.

Веста ја потврдуваат и фотографиите направени од папараците додека Кетрин се шета со мајка ѝ Марија. На фотографиите се наѕира трудничкото стомаче на ќерката на славниот „Терминатор“.

На ќерката на Шварценегер тоа ќе ѝ биде прво дете, а Прат од бракот со колешката Ана Фарис има седумгодишен син, Џек.

Арнолд Шварценегер неодамна изјави дека е задоволен од зетот и многу се радува на внуците што ќе ги има, но не сака да ја брза својата ќерка.

„Не ги брзам бидејќи знам дека ќе се случи еден ден. Сè е на неа и на Крис, тие ќе проценат кога е време да имаат деца“, рече 72-годишниот актер.

Треба да знаете
Последни објави