Властите во Њујорк откриле тела на 100 починати од коронавирус во два камиони

Властите во Њујорк откриле тела на 100 починати од коронавирус во два камиони фургони без ладење, по повици дека од камионите се шири силна смрдеа.

Според извештаите, во секој од фургоните паркирани недалеку од погребален дом во Бруклин, имало по 50 тела.

Градоначалникот на Њу Јорк, Бил де Бласио изјави дека тоа е апсолутно неприфатливо, пренесува Си-Ен-Ен.

„Не ми е јасно како погребален дом дозволи да се случи вакво нешто“

„Погребните компании се приватни организации, приватни компании. Тие имаат обврска кон своите клиенти и треба да ги третираат со достоинство. За мене не е јасно како погребувачки дом дозволи да се случи вакво нешто“, рече Де Бласио на денешната прес-конференција.

Полицијата соопшти дека градската канцеларија за заштита на животната средина и Министерството за здравство го решаваат проблемот.

Сопственикот на погребалниот дом изјави дека неговиот ладилник се расипал.

Њујоршката полиција забрани пристап до местото поради ризик од инфекции.

Треба да знаете
Последни објави