Во ЈАР над 5.000 заразени со Ковид-19

Бројот на потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус во Јужноафриканската Република  е над 5.000,соопшти Министерството за здравство. Во извештајот се пријавени 354 регистрирани заразени во изминатите 24 часа – рекорден раст за таков период. Со тоа, вкупниот број на случаи во ЈАР – најпогодени од коронавирусот во Африка – достигна 5.350. Вкупниот број на смртни случаи достигна 103. Властите имаат намера да започнат од утре олеснување на строгите мерки за социјална изолација воведени од 27 март.

Треба да знаете
Последни објави