Функционерите од ЛДП ја донираат разликата од плата за поддршка на малите бизниси

Солидарноста не се постигнува со одлуки и наредби, туку таа треба да е доброволен чин за сите поединци, велат од партијата ЛДП од каде конкретно не ја коментираат одлуката на Уставниот суд.

„Функционерите од ЛДП донесоа одлука да бидат солидарни и да ја донираат разликата во платата“, истакнуваат од Либерално-демократската партија.

Тие, на овој начин директно се вклучуваат во помошта на малите бизниси погодени од Ковид-19, се со цел да им се помогне на работодавците.

„Ова е скромна помош од наша страна, поттик за сите оние кои може да одделат дел од финансиските средства да се вклучат, а со тоа да покажат солидарност. Треба да бидеме сплотени повеќе од било кога во поддршка на бизнис секторот кој е погоден од пандемијата. Со ова испраќаме порака особено до малите бизниси дека ЛДП е со вас и сакаме да ја пребродите кризата што побрзо“ потенцираат од ЛДП.

Треба да знаете
Последни објави