Интегрален текст од прес конференцција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски
„СДСМ очајно се труди по секоја цена да се постави над законот. Конкретно фамилијата Заеви мислат ја поседуваат целата држава и институциите.
Според дел од медиумите вчера во полициска акција МВР привело неколку луѓе кои го кршеле полицискиот час во Струмица. Инаку лицата се блиски до Зоран и Вице Заеви, а работеле до доцна во ноќта – до полноќ, подготвувајќи пакети брендирани од СДСМ, кои власта ги дели за масовен поткуп на граѓаните.
Ова е вест која што денеска осамна во медиумите.
Шерифското однесување на семејството Заеви кои мислат дека се над законот и дека поседуваат се и секого во државава, стигнало дотаму, да Вице Заев лично отиде во полиција да се заканува врз полицајците и на најшерифски начин да сака да го прикрие случајот.
Епа друже Вице Заев, за жал мораме да те разочараме, заврши тоа време кога можевте да криете и прикривате полициски случаи да не излегуваат во јавност.
Ова најдрско и најшерифско однесување на кршење на законите мора да заврши еднаш – засекогаш. Ништо повеќе не е семејството Заеви од било кој друг граѓанин во Република Македонија кој ги почитува законите на својата држава.
Дополнително, ако некој го прекршил законот ќе одговара и мора да одговара. И бараме сите кои го прекршиле законот вчера и кои што се приведени да одговараат, вклучително да одговара и Вице Заев доколку го прекршил полицискиот час, бидејќи отишол да ги извади оние кои биле приведени и да се обиде да го прикрие случајот. Никој не смее да биде над законите, па ниту блиските на Зоран и Вице Заеви, а ниту самиот брат на поранешниот премиер.
Инаку лицата кои го прекршиле законот и ги подготвувале овие пакети, целата јавност знае дека овие пакети се за масовен поткуп на граѓани кои треба да гласаат на изборите кога и да се одржат. Лицемерите од СДСМ ја потценуваат интелигенцијата на граѓаните и под превезот на некакви си хуманитарни побуди, вршат масовен изборен поткуп.
Она што е најсмешно и најлицемерно е дека според сведоштвата на луѓе дека во пакетите кои ги дели СДСМ нема ниту еден, ама баш ниту еден македонски производ, сите коишто се ставаат внатре се увозни. Ете толку треба да се знае за лицемерието на СДСМ и на семејството Заеви.
Грубото кршење на законите мора да се санкционира. Заврши времето на шерифување на семејството Заеви.
Новинарско прашање: Генералниот секретар на СДСМ Николоски рече дека за избори приоритет е здравјето на граѓаните, но дека изборите ќе се одржат со заштитна опрема и дистанца меѓу граѓаните, како го толкувате ова, се подготвува ли власта за скорешни избори и ќе прифатите ли изборен процес без разлика кој датум би бил предложен?
Одговор: Малку е контрадикторен генералниот секретар на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ во ниту еден момент не размислува за избори во ваква една здравствена криза на пандемија, во време кога секојдневно броиме мртви од коронавирусот, односно во време кога Република Македонија има една од највисоките стапки на смртност. СДСМ по секоја цена сака да организира избори ете како што гледате се врши масовен поткуп од страна на нивните структури и блиски луѓе до семејството Заеви, се со цел за да може да се лови во матно.
Новинарско прашање: Дали функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои што се дел од техничката влада ќе се откажат од своите плати како што го направија тоа функционерите на СДСМ?
Одговор: Да, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се откажат во целост од своите плати, но со парите кои ќе ги земат како плати, ќе купат и ќе донираат заштитна опрема за луѓето кои што се борат во првите редови, во оваа пандемија од коронавирус. Очигледно во СДСМ воопшто и не им е гајле за платите затоа што нивните функционери кажуваат дека имаат странични бизниси, како што вчера кажа и самиот си потврди градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов дека тој не живее од плата, туку живее од своите странични бизнис. Она кое што можеме да го видиме во овие моменти е само едно огромно лицемерие од партијата на власт, СДСМ и семејството Заеви, бидејќи во време кога во првите три месеци ја задолжија државата, односно направија дупка во буџетот над 120 милиони евра додека граѓаните и економијата крахираат на економски план, тие со некои ситни и паушални моменти сакаат да придобијат политички поени.