Богојески: Оваа влада е затворена за сите наши предлози

Петар Богојески од „Македонски концепт“ за емисијата „Само вистина“ изјави дека оваа Влада е „хибридна“ и е внесена во меѓусебните расправии.

„Тие се расправаат кој во која Вибер група е и кој автомобил го земале службено. Владата е затворена за сите наши сугестии и предлози за решавање на, особено економската криза“, смета Богојевски.

Според Богојески, Владата не покажува никаков интерес за комуникација со тие што не се дел од владеачкото мнозинство.

„Од таму се драматизира со економската криза, односно Владата е нетранспарентна и не соопштува доволно за економските мерки“, вели тој.

Треба да знаете
Последни објави