(Видео) Во Русија ликвидирани тројца екстремисти кои планирале терористички напад

Тројца екстремисти кои подготвувале терористички напад биле ликвидирани за време на антитерористичка операција од страна на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во Екатеринбург.

Ова го соопшти Националниот комитет за борба против тероризам, а го пренесе агенцијата „Тасс“.

„ФСБ спречи подготовки за терористички напад и ги ликвидираше тројцата екстремисти“, се вели во соопштението на Националниот комитет за борба против тероризам.

На местото на интервенцијата, руските специјалци пронашле оружје, муниција и импровизирани експлозивни направи.

Треба да знаете
Последни објави