„Време за лов“ (Time to Hunt) е модерен јужнокорејски трилер на Нетфликс кој го истражува футуристичкиот свет на насилство и мачизам (претерана машкост), оценуваат азиските медиуми.
По правниот спор поради кој филмот беше повлечен од планираниот датум за прикажување на 10 април, научно-фантастичниот акција-трилер на Џун Санг-хин “Време за лов“ (Time to Hunt) неодамна пристигна на „Нетфликс“ со наезда на куршуми и непроверен мачизам, пишува „Саут Чајна морнинг пост“.
Дејствието е сместено во блиска иднина, во дистопијска верзија на Јужна Кореја. Филмот следи четворица млади силеџии кои стануваат мета на платен убиец откако ќе ограбат едно казино.
Јужнокорејскиот крими трилер акција, напишан и режиран од Џун Санг-хин, „Нетфликс“ почна да го прикажува на 23 април годинава.
Филмот премиерно беше прикажан на 70-тиот меѓународен филмски фестивал во Берлин на 22 февруари, со што стана првиот корејски филм прикажан во специјалниот дел на Берлинале (Berlinare Special).