Повеќе од половината затворениците во сојузниот затвор во Лос Анџелес се позитивни за Ковид-19, а двајца починаа, соопшти денеска американското Биро за затвори. Oд 1.055 затвореници, 570 се заразени како и 10 членови на обезбедувањето. Многу затвореници се асимптоматски пациенти.