Во „Луфтханза“ само со маска

Германската национална авиокомпанија „Луфтханза“ објави дека од 4 мај ќе бара од своите патници да носат заштитни маски на летот.

Компанијата исто така посочува дека патниците ќе мора да носат маски на аеродромот пред и по летот.

„И покрај сите прилагодувања, одржувањето на растојанието на летот не е секогаш можно, така што оваа мерка ќе послужи како дополнителна заштитна“, соопшти компанијата.

Германскиот гигант се проценува дека губи еден милион евра ликвидност за време на пандемијата на коронавирусот за само еден час. Моментално дневно со компанијата патуваат помалку од 3.000 патници за разлика од претходниот просек од 350.000 патници.

Треба да знаете
Последни објави