Претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина, се спротивстави на најавата од премиерот Антонио Конте дека можеби сезоната во Серија А и нема да биде завршена. Во Италија веќе втор месец „буба-марата“ мирува, а клубовите немаат дозвола да се вратат на тренинзите. Првиот човек на итљалјанскиот фудбал вели дека никогаш нема да потпише документ со кој би се завршила прекинатата сезона административно, затоа што тоа ќе значи и смрт за Серија А.
-Никогаш нема да потпишам такво нешто, тоа би била смртна пресуда за италијанскиот фудбал. Ако сезоната во Серија А биде прекината, ќе загубиме од 700 до 800 милиони евра. Ако продолжиме без навивачи, загубите ќе бидат 300 милиони евра, а ако има и навивачи на стадионите, загубите ќе бидат околу 150 милиони евра“, изјави Гравина.