Поранешниот шведски ракометен репрезентативец, Фредрик Ларсон (36) загина додека возеше велосипед и зад себе остави сопруга и две деца, пренесуваат шведските медиуми. Според медиумите, на него додека возел налетал камион.
Шведската полиција ја отфрли можноста за нелегално возење, односно возачот не бил во пијана состојба и не бил под дејство на наркотици.
Меѓутоа во извештајот стои дека дошло до директен судар помеѓу велосипедистот и кампион кој одел во обратен правец и тоа на селски пат на кој и во минатото имало несреќи поради големиот број на свиоци и намалената прегледност.