Како дел од мерките за заштита од новиот коронавирус, на собраниската говорница во грчкиот Парламент е поставен плексиглас низ кој денеска, за време на расправата на ниво на лидери, се обратија претседателите на партиите и грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина.
-Посакувам набргу да не биде потребно говорниците од говорницата да не треба да се обраќаат имајќи го пред нив овој неопходен, но и по малку непријатен плексиглас, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговото обраќање коменитрајќи ги новите услови во кои функционира Парламентот.
По секој говор, службеник од Парламент, кој носи заштитна маска и ракавици, го чисти и дезинфицира плексигласот.
Во салата присутни се само мал дел пратеници кои седат на растојание еден од друг, оставајќи неколку празни столчиња меѓу нив.