Лани сме лапнале ГМО салата зачинета со олово, плескавици со салмонела, но и по некоја лебарка

ГМО храна, салмонела, тешки метали, лебарки и глувци, неисправна вода за готвење биле дел од менито на рестораните и операторите со храна во кои инспекторите од Агенцијата за храна лани направиле контроли. Покрај ова утврдиле и несоодветни услови за чување на храната, а нашле и некомплетна опрема за готвење и производство. 

Според минатогодишниот извештај на Агенцијата за храна до кој дојде 24 инфо, за една година биле направени 17.986 контроли во 1.762 регистрирани објекти и оператори со храна.

Од нив редовни се 9.527, вонредни 5.680 и контролни 2.779. При контролите на рестораните, мезе баровите но и бурекчилниците, но и  продавниците за храна примедби имало за не водење редовно записи за ДХП и НАССР и тоа кај   474.

Неизвршен здравствен преглед имало кај 1.199 фирми а дератизација и дезинфекција не направиле 833 фирми. Не имплементирано ДХП, ДПП или НАССР  имале 148 оператори, а не извршени курсеви по хигиена  73. Храната несоодветно ја чувале и складирале 134, а не комплетна потребна опрема  имале 286. Оштетени ѕидни површини се забележани кај 420,                                                               незадоволителна хигиена  имале 512. Дури 126 работеле не регистрирани, а небезбедна вода е користена кај 112. Од вработените кај 164 фирми имало бацилоносители. Отстранети лица од работно место со храна поради бацилоносителсво имало 184, апоништена небезбедна храна скоро 12 тони.

Од мострите на храна кои се земени вкупен број на позитивни резултати се 28.   При мониторинг програма  Остатоци од пестициди имало кај 9, тешки метали во една мостра, ГМО во 6, а микотоксини во една.  При инспекциски надзор најдени се 10 примероци со бактерии и по една  со тешки метали и ГМО.

Дури половина од Македонците кога купуваат храна гледаат да е поефтина и квалитетот не е пресуден пред цената.  Околу 43 отсто од нив храна купуваат заради задоволување на гладта пред се, а најмалку внимание обрнуваат на проверката на количината на калории и хранливи вредности. Тоа го прават само 26,5% од нив. Загрижува фактот што 16,3% од граѓаните не ја знаат количината на калории и хранливи вредности, односно само 19,6% од нив се одлучуваат изборот да го направат според хранливите вредности. Oвие податоци се дел од истражување кое еспроведено од страна на Агенцијата лани.

Најголемиот број од граѓаните односно 66,9% се одлучуваат за избор на свежа и вкусна храна, потоа изборот го прават според тоа колку е безбедна храната односно 56,7%. Според истражувањето може да се увиди дека големо влијание при изборот на храна кај граѓаните има степенот на образование, односно 78.5% од високо образовната популација се одлучува за свежа и вкусна храна, а притоа најголем процент од нив (70.6%) внимаваат на нејзината безбедност. Исто така тие со високо образованите најмногу внимаваат на количината на калории и хранливи вредности или 25.5%.Најголемиот број од граѓаните односно 51,6% и 51,3% сметаат дека економската криза негативно ќе влијае на квалитетот на нивниот живот односно загадувањето на околината ќе им наштети на нивното здравје. Дури 45,9 проценти сметаат дека храната која ја консумираат ќе им наштети на нивното здравје, што води кон фактот дека голем процент од нив е свесен за влијанието кое храната го има врз квалитетот на животот кај секој од нив.

Валентина Ангеловска

Треба да знаете
Последни објави