Мемеди : Во врска со случајот со починатата во Куманово треба да се вклучи инспекторатот

Д-р Шабан Мемеди, директор на ИЈЗ во денешното гостување во отвореното студио на 24 анализа потенцираше дека ако се прави споредба со позитивните резултати на ковид 19, бројката последните пет дена се намалува, а со тоа и смртноста.

Во случајот со починатата кумановка која починала дома, Мемеди вели дека тука треба да се види епидемиолошката анкета. На прашањето дали треба да се вклучи и инспекторатот во овој случај, тој вели.

„Треба да се види епидемиолошката анкета, клиничката слика и не може ако се има позитивен случај со таква клиничка слика да се стави во изолација да почине. Тука треба да се видат многу параметри, од кога е излезена позитивна, па се до вчера кога починала. Треба се да се види и треба да се вклучи и инспекторатот. Треба да потврдиме од каде е.“

Мемеди смета дека многу пациенти во изолација имаат лесна клиничка слика и според него најважна е епидемиолошката анкета. Мемеди смета дека причина за смртта кај помладите лица е и дебелината.

Треба да знаете
Последни објави