На двајца пациенти им е земена крвна плазма со која треба да се лекуваат заболени од коронавирусот

На двајца пациенти кои се ковалесцентни односно се во фаза во која се носители на антителата против коронавирусот денеска првпат им беше земена крвна плазма со која треба да се лекуваат заболени.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека во следните денови, исто како и терапијата со озон која се применува во Градската општа болница „8 Септември”, крвната плазма ќе биде аплицирана на пациенти за кои експертите ќе оценат дека е соодветна за нив.

Во однос на активностите и случувањата во Центарот за јавно здравје Велес денес ќе биде назначен нов директор.

„Состојбата на Клиниката за детски болести каде 3-ца здравствени работници беа заболени од ковид-19 , сите се без симптоми и брисот кај лаборантот е негативен. 23 лица кои имале контакт со нив после изолацијата од 14 дена се асимптоматски. Од Комисијата за заразни болести се изготвени планови за функционирање на фабрики, јавен превоз и ќе бидат соопштени наскоро и сите планови за попуштање на мерките, но тоа ќе биде постепено за да нема масовни собирања”, рече Филипче.

Треба да знаете
Последни објави