Нема да има втор бран на ковид-19, епидемијата го достигна врвот, смета францускиот виролог Дидие Раул

Познатиот француски доктор Дидие Раул не верува дека епидемијата на коронавирус ќе има втор бран.

Епидемијата го достигна врвот, опаѓа и тој пад продолжува, тврди Раул.

Тој вели дека ова се рефлектира во крива во форма на ѕвоно и дека тоа се случува во повеќето случаи кога станува збор за појава на вирусни епидемии. Францускиот професор посочува дека таквата зараза одеднаш се развива и наеднаш исчезнува без да се знае зошто.

„Приказната за враќањето е фантазија базирана на шпанскиот грип, што нема никаква врска со ова“, рече директорот на Медитеранската клиника за инфективни болести во Марсеј.

Тој се огради дека треба да биде претпазлив, бидејќи не може да ги предвиди работите, но додаде дека датумот на 11 мај, кој Франција го постави за почеток на укинувањето на изолацијата, не е чуден. Се надоврза на истражувањата на математичарите од Сингапур кои ја пресметуваа кривата што опаѓа во сите земји…

Преземено од republika

Треба да знаете
Последни објави