Нова тура нуклеарно гориво доставена до иранската нуклеарна централа „Бушер“

Нова тура нуклеарно гориво е доставена до нуклеарната централа Бушхер (НПП) во Иран, соопшти Руската амбасада во Иран во објавата на Твитер во средата, пренесува ТАСС.

„Благодарение на заложбите на Организацијата за атомска енергија на Иран, „Росатом“ и руското Министерство за надворешни работи, новата тура нуклеарно гориво беше доставена до нуклеарната централа во Бушер. Таа е неопходна за понатамошно функционирање на реакторот”, велат од амбасадата.

На 12 април, заменик-началникот на Иранската атомска агенција, Махмуд Џафари, посочи дека Единицата 1 во „Бушер“ ќе биде привремено затворена заради полнење гориво и техничко одржување во периодот пред летната сезона.

Нуклеарната централа „Бушер“ ја изгради Русија. „Росатом“ го спроведува градежниот проект за втората фаза на нуклеарната централа (втората и третата единица) со вкупен капацитет од 2.100 мегавати.

Треба да знаете
Последни објави