На 29.04.2020 во 15.45 часот било пријавено дека во село Ракитец, автомобил „мицубиши пајеро“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Љ.Н.(54) од селото удрил во 11-годишен пешак.
Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Јавната здравствена установа Радовиш за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.
Од МВР информираат и дека вчера во 19.00 часот било пријавено оти во Битола на улицата Довлеџик автомобил „мерцедес“, што го управувал битолчанецот С.С.(41), удрил во пешакот А.Ф.(20) од Битола.
Во незгодата А.Ф. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.