Лидерот во францускиот фудбалски шампионат до прекинот на сезоната поради коронавирусот Пари Сен-Жермен е прогласен за шампион. ПСЖ е старо-нов шампион на Франција откако беше означен административен крај на сезоната во Лига 1, известува заменик-главниот уредник на „L’Equipe” Жоел Доменигети.
– Првенството заврши. Местата во табелата се фиксни. ПСЖ е шампион во Лигата 1, твитна новинарот.
Покрај парижаните, во Лигата на шампионите ќе играат и Марсеј и Рен. Лил, Римс и Ница ќе влезат во Лигата на Европа.
Амиен и Тулуз ќе испаднат, додека Лориен и Ленс ќе влезат од Лига 2 во елитната Лига 1.
Во моментот кога првенството запре, поради коронавирусот, парижаните беа во водство, пред вториот Марсеј со 12 бодови разлика.