Од почетокот на епидемијата, во Грција, регистриран се 2.591 позитивен случај на Ковид-19, починаа вкупно 140 лица, оздравени се 1.374, а анализирани 75.170 примероци, според последните официјални податоци соопштени попладнево од претставникот за новиот коронавирус во грчкото Министерство за здравство, професорот Сотирис Циодрас, јави дописничката на МИА од Атина.
Во изминатите 24 часа регистрирани се десет нови случаи, а почина уште едно лица.
Приклучени на апарати се 38 лица, а 74 пациенти бил отпуштен од Одделите за интензивна нега во грчките болници.