На 29.04.2020 година во 15.00 часот во Полициска станица Струмица е лишен од слобода Т.М. (34) од село Баница.
Тој е осомничен дека го управувал патничкото возило „форд ескорт“, со скопски регистарски ознаки, кое на 28.04.2020 година на ул.„Никола Тесла“ во Струмица удрило во четиригодишен пешак, кој се здоби со тешки телесни повреди.
Претходно полицијата го пронајде само автомобилот на осомничениот, кој го оставил и избегал.