Финска на 14 мај ги отвора основните училишта

На 14 мај Финска ќе ги отвори основните училишта, кои се затворени од 18 март поради пандемија на коронавирус, соопшти финската влада.
Финската премиерка Сана Марин изјави дека децата постепено ќе се вратат во училиштата и ќе поминат нешто повеќе од две недели во нив, бидејќи летниот распуст почнува на почетокот на јуни.Таа додаде дека средните и стручните училишта ќе продолжат со учењето од дома.

Во Финска, кое брои скоро пет илјади заразени, има застој во ширењето на коронавирусот.
Земјата има значително помал број на заразени од соседна Шведска, која има 20.302 пациенти и Норвешка, во која има 7.680 заразени.

Треба да знаете
Последни објави