Сите избрани и именува лица кои доаѓааат од редовите на НСДП ќе постапат согласно владината уредба, чие дејство го замрзна Уставниот суд и остатокот од своите плати за месеците април и мај ќе ги донираат во Солидарниот фонд за борба против Ковид-19, информираат од партијата.
На овој начин од НСДП дирекно се вклучуваат во насочување на финансиски средства за справување со последиците од коронавирусот.
Од партијата појаснуваат дека ваквата одлука е морален императив за солидарност од сите, во справувањето со последиците од пандемијата.