Функционерите од Партијата за движење на Турците ќе ја донираат разликата во платата

Во ова време на глобална пандемија која резултира со сериозна здравствена и финансиска криза, солидарноста е клучна за ублажување на овие последици. Со таа цел, без разлика на одлуката на Уставниот Суд, Партијата за движење на Турците (ТХП) одлучи сите функционери кои доаѓаат од нашите редови разликата над минималната плата да ја донираат во Солидарниот фонд за борба против Ковид-19.

„Само со висока општествена одговорност и солидарност ќе успееме да ги минимизираме негативните ефекти на пандемијата и да пружиме рака на најзагрозените сограѓани. Заеднo, ќе ја добиеме и оваа битка“, се вели во соопштението на партијата.

Треба да знаете
Последни објави