Адеми: Се укинува државната матура и завршниот испит, децата не се враќаат во училиште

Министерот за образование Арбер Адеми на својот фејсбук профил објави дека Владата на Република Северна Македонија на денешната седница усвои сет образовни мерки со кои обезбедуваме непречено функционирање на воспитно – образовниот систем! Меѓу нив е укинувањето државната матура, училишната матура и завршниот испит за оваа учебна година!

-Учениците од основните и средните училишта не се враќаат во училишните клупи до крајот на наставната година!Тековната учебна година до крај ќе продолжи да се реализира преку организирање на далечинско учење, односно учење од дома! Уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година ќе се врши во јуни! Се уредуваат уписите на високообразовните установи!

Сите ќе добијат диплома за завршено средно образование со иста важност како и во претходните години.

Уписот на првачињата наместо во мај ќе почне во јуни. Списоците со запишани ученици училиштата ќе ги објават накјдоца до 15 јули, а тие што нема да бидат запишани ќе добијат писмено известување.

(В.А.)

Треба да знаете
Последни објави