Кутињо ќе добие нова шанса да се докаже во Барселона

Бразилскиот фудбалски интернационалец Фелипе Кутињо кој сезонава играше како позајмен играч од шпанската Барселона во редовите на германскиот Баерн Минхен, можно во новата сезона да добие нова прилика да се докаже во тимот од „Кам Ноу“. Германскиот првак Баерн нема намера да го откупи неговиот договор, па Кутињо треба да се врати во Барселона, откако ќе биде конечно-завршена одисејата со тековната сезона која е прекината поради пандемијата со коронавирусот.
Најновите информации во фудбалските кругови поврзани со кариерата на Кутињо се дека тренерот на Барселона Кике Сетиен посакува да го има на располагање. Сетиен се спротивставил на одлуката Кутињо да биде продаде и успеал да го убеди раководството во неговата намера.
Доколку Кутињо успее да се вклопи во филозофијата на тренерот Сетиен и постигне играчка форма како на времето кога ги бранеше боите на Ливерпул тогаш ќе биде вистинско засилување за Барселона.
Кутињо во зимскиот преоден рок во 2018 година за 160 милиони евра од Ливерпул се
пресели во Барселона.

Треба да знаете
Последни објави