Трипуновски: Го осудувам сопартиецот кој уценувал земјоделци и барал поткуп

Дополнителниот- заменик министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ се огради од својот сопартиец, инспектор во  Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој кој беше уапсен за поткуп.

-Најостро го осудувам криминалното дејствие на лицето И.Г. вработено во Платежната агенција кое уценувало земјоделци и барало поткуп. Ги повикувам надлежните органи веднаш да реагираат и целосно да го расветлат случајот до крај, а лицето И.Г. да одговара за своите криминални дејанија согласно закон. ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДСМ не поддржува криминал, без разлика дали лицето кое го сторило е симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ или било која друга партија. Криминалот мора да биде санкциониран, напиша Трипуновски.

https://www.facebook.com/tripunovskicvetan/posts/1527043494119960?__xts__%5B0%5D=68.ARAwxUgD-mFRaLDheUYt1Cherv9aTTsFaIDlNzxRvmV6U01oPcD44K8HXwl2hT86w8JCifn81bbvQs_UwFLeqV6cmAIILYZMhtSPttlM83hMOzVlO71mjmwJ8ltVIU0t4gwl7sFBdHoKB33JeKNttosf8N8K0dxv3m2qU_38tNj5uNeadL9hrqEuFMRNB3eBHwcPcIA7j868rsrfCcSKGY1cCktT8be0xiL8B9nxTFlI0qV8dlYW3rnv9kV2RGhFegHvGR2vHB9eiy6PBt80IbIrOYsagif5xF9mB-jFPaC60_9Py_3XMzxswjrTYnRmiLrw9wZtunCibsMIizvkyw&__tn__=-R

Треба да знаете
Последни објави