Општина Аеродром и градоначалникот Златко Марин ја претставија поубавата страна на Аеродром. Имено, некогашниот неуреден простор во Реонски центар кој денес доби нов лик. Разубавен и хортикултурно уреден.
Во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ е изграден нов парк со вграден систем за полевање и нова урбана опрема, а постојното детско игралиште е реновирано со нова подлога и реквизити.